Македонската влада во понеделникот презентираше три нови мерки со кои се очекува да бидат отворени најмалку 250 нови работни места. Според владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, владата годинава планира отворање на вкупно 4.000 нови работни места со мерките на оперативниот план за вработување. Со трите нови мерки кои во понеделникот на прес конференција ги најави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев државата ќе субвенционира вработување млади лица, нивна обука и полагање на возачка дозвола за Д категорија, како и обука кај познат работодавач. Стартот за овие три проекти е најавен за трети февруари кога ќе биде објавен оглас за околу 250 работни места во стопанството, а за нив ќе може да конкурираат само невработени лица, евидентирани во Агенцијата за вработување.
Македонската влада во понеделникот презентираше три нови мерки со кои се очекува да бидат отворени најмалку 250 нови работни места.
Според владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, владата годинава планира отворање на вкупно 4.000 нови работни места со мерките на оперативниот план за вработување.
Со трите нови мерки кои во понеделникот на прес конференција ги најави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев државата ќе субвенционира вработување млади лица, нивна обука и полагање на возачка дозвола за Д категорија, како и обука кај познат работодавач.
Стартот за овие три проекти е најавен за трети февруари кога ќе биде објавен оглас за околу 250 работни места во стопанството, а за нив ќе може да конкурираат само невработени лица, евидентирани во Агенцијата за вработување.
„Сите невработени кои не се пријавени во Агенцијата за вработување, да го направат тоа што е можно поскоро и да станат дел од евиденцијата за да можат да ги користат мерките на владата", истакна денеска на прес конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
„Прва шанса" е првата мерка која е наменета за лица до 29 години со завршено високо образование. Со неа се предвидува тримесечна парична субвенција, во висина од 13 илјади денари за работодавачот на лица со високо образование во студиска 2012/2013 година за секое ангажирано лице. Обврска на работодавачот е да ги задржи вработените уште шест месеци.
„Финансиската стимулација во првите три месеци е само поттикнување и на работникот и на работодавачот да дојдат во контакт за работодавачот да се увери во квалитетот на работникот со високо образование, а работникот да има можност да се претстави во најдобро светло, рече Ѓорѓиев, истакнувајќи дека со оваа пилот мерка во првичниот оглас се очекува пријавување и сервисирање вработувања на 50 лица, а зависно од интересот Владата е подготвена да ја прошири квотата за финансирање", истакна Ѓорѓиев.
Со втората мерка, државата целосно ќе ги покрие трошоците за обука за Д категорија и добивање возачка дозвола. Консултаците со здруженијата на транспортери посочиле дека на пазарот на труд има потреба за вработување на возачи со Д категорија.
По добивање на возачки документ со Д категорија, лицата во рок од три месеци ќе бидат вработени кај работодавачи, потенцираше владиниот портпарол.
Третата мерка која предвидува обука кај познат работодавач приоритет ќе им даде на лицата до 29 години, како и на лицата на возраст од 50 до 59 години.
Работодавачот во период од три месеци ќе треба да спроведи обука над пријавените, а лицата кои ќе ја почнат обуката во период од три месеци ќе добиваат финансиска помош од државата во висина од 5700 денари.
Потоа работодавачот должен е да задржи 50 проценти од кандидатите кои во првите три месеци ќе добиваат по 13 илјади денари од државата наменети за плата, а по истекување на обврската на државата работодавачот ќе треба да ги задржи нововработените уште 12 месеци.
Портпаролот Ѓорѓиев најави дека доколку има интерес останува можноста и во идниот период да бидат објавени дополнителни јавни повици предвидени со оперативниот план со активни мерки за вработување.